Марбо Пријател на твојата коса

Марбо Пријател на твојата коса

Лосион - 1.000ден

Со жолта линија е 100% природен препарат против опаѓање на косата. Тестиран е и потврден како успешно средство за јакнење на коренот на косата. Едноставен за употреба, брзо обезбедува видливи резултати во спречување на прекумерното опаѓање и јакнење на коренот на косата.

Шампон - 550ден

Единствен спој на лековити билки. Спречува мастење на косата, првут, чешање на кожата на главата. Го спречува прекумерното опаѓање и ја згуснува проретчената коса. МАРБО 03 е и класично средство за хигиенско миење на косата, а многу корисници останале верни на овој Шампон од првата употреба до денес.

Активатор - 2.400ден

100% природна формула за лечење на заболувања alopecia areata (опаѓање на косата на печати). Го активира растењето на нова коса на оголените места. Успешен е за сите облици на alopecia areata од најблаги, со еден или повеќе печати, до alopecia areata totalis (потполно губење на косата).

ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ НА СТРАНИЦАТА МАРБО!

icon
thumb
30

Години на пазарот со докажани резултати

Ви ја претставуваме Марбо колекцијата за 100% природна нега на косата. Препаратите се направени од 100% чисти билни екстракти кои имаат моќно дејство и многу брзи и видливи резултати. Поддржани од дерматолозите, производите Марбо се присутни веќе 30 години во EX – YU, сега и во Македонија!

seal

АЛОПЕЦИЈА АРЕАТА

Алопеција ареата се карактеризира со опаѓање на косата во кругови (на едно или повеќе места). Тие се со различен дијаметар, обично локализирани на капилициум, а понекогаш, но поретко, на некој друг дел од телото (веѓите, брадата, мустаќите, рацете или нозете). На рабовите на заболеното место кожата лесно се влече.

 

Причини
Причините за алопеција ареата не се познати. Иако многу случаи настанале после интензивен емоционален стрес, досега не е (докажано дека стресот предизвикува алопеција ареата) егзактно докажана патогенезата на алопеција ареата предизвикана од стрес. До пред околу десет години, сите случаи на алопеција ареата беа испитувани со фокус (стоматолошки фокус, хроничен тонзилитис и синузитис). Со најновите истражувања, на причините скоро и да не им се придава значење. Алопеција ареата може да се регистрира кај повеќе членови на исто семејство

 

Клиничка слика
Алопеција ареата се карактеризира со ненадејна појава на ограничени кружни и овални алопетски региони со различни големини. Бројот на овие кругови е различен и варира, од еден до неколку. Ако тие периферно се прошират, тие можат да покриваат поголема површина на капилацијата. Ако има повеќе погодени области што се шират, тогаш може да дојде до нивно меѓусебно спојување и формирање поголема површина без влакна со неправилен облик, или ретко и до тотална алопција ареата која најчесто се забележува на капилацијата.

ОПАЃАЊЕ НА КОСА

Еден од најчестите, не само естетски, туку и здравствени проблеми на современиот човек е зголеменото и енормно опаѓање на косата и истенчување на влакното, што напредува во алопеција. Постојат различни видови на опаѓање и различни причини кои предизвикуваат губење на косата…

Нормалниот циклус на растење на косата трае околу 2-3 години (анагена фаза). Секоја коса расте околу 1 см месечно во текот на оваа фаза. Во секој момент околу 90% од косата на темето расте, а 10% е во фаза на мирување (телогена фаза). По 3-4 месеци, влакната што биле во фаза на мирување испаѓаат а на нивно место расте нова коса. Зголемено опаѓање на косата може да се појави во сите возрасти кај деца, жени и мажи.

Причини за паѓање на косата

Повеќето луѓе губат 50-100 влакна секој ден. Бидејќи на главата има околу 100 000 влакна, паѓањето е скоро незабележително. Постепеното истенчување на косата се смета за нормален дел од стареењето. Може да се појави како последица на друга болест: неколку месеци по основната болест, операција, породување, хормонални нарушувања (тироидни хормони, тестостерон, естроген), воспаление на забите, воспаление на внатрешните органи, анемија.

  • Лоша исхрана – недоволно внесување на одредени аминокиселини (цистеин, метионин), железо, бакар, цинк, некои витамини може да доведат до недостаток на супстрат за формирање на влакна.
  • Медицински третмани – хемотерапија и зрачење (радиотерапија) може да доведат до опаѓање на косата. По третманот, косата почнува повторно да расте.
  • Многу жени 3 месеци после породување приметуваат зголемено опаѓање на косата, што е хормонално условено. Коста повторно почнува да расте кога хормоните ќе се вратат во рамнотежа.
  • Некои лекови предизвикуваат опаѓање на косата (антикоагуланси, орални контрацептиви, антидепресиви, ретиноиди).
  • Габични инфекции на скалпот може да предизвикаат паѓање на косата. Исто така, паѓањето на косата може да биде симптом на друга болест, на пр. лупус, анемија, па затоа треба да му се придаде важност.

Привремено губење на косата

  • Губење на косата во печати (алопеција ареата) – Губењето на косата се јавува во мали кругови. Обично има неколку вакви печати на темето, но може да се прошири и на други делови од телото. Косата повторно расте, но губењето на косата во печати може да се појави повторно подоцна во животот. Овој вид губење на косата може да биде поврзан со автоимуни заболувања, тироидната жлезда, генетска предиспозиција.
  • Рамномерно паѓање на косата – Ненадејно доаѓа до опаѓање на косата на целата површина на скалпот, а се приметува во вид на поголеми количини на влакна кои остануваат на четката после чешлање или во сливникот после миење на косата од вообичаеното. Овој вид опаѓање се јавува кога има нарушување во нормалниот циклус на растење на косата (емоционални шокови, физички стрес, ненадејни промени во телесната тежина, смрт на блиски, по операција и тешка болест, недостаток на одредени хранливи материи). Неколку месеци по корегирањето на причината што довела до губење на косата, доаѓа до повторно растење на косата.
  • Хормонални промени – бременост, породување, прекинување на таблети за контрацепција, појава на менопауза, зголемена активност на тироидната жлезда. Кога е зголемено формирањето на тестостерон во организмот, слабеењето на косата се јавува по целата површина на скалпот.

Што велат експертите?

Д-р Горана Кука

специјалист за пластична хирургија, субспецијалист за трансплантација на коса

Како ги запознавте производите на МАРБО?
Случајно! Бидејќи и јас страдам од сезонско опаѓање на косата, отидов во аптека во Белград и го побарав шампонот за губење на косата што го користев до тогаш. Љубезиот аптекар во аптеката ми предложи да го пробам Марбо. Бев скептична околу промената, но кога го погледнав составот на шампонот, моите сомнежи исчезнаа, а по првото миење на косата, знаев дека шампонот е одличен. Оттогаш редовно ги користам Марбо Лосионот и Марбо Шампонот, како и моите пријатели и колеги. Често се шегуваме во ординацијата и велиме: „Тоа не сум јас, тоа е мојот Марбо“, како во онаа реклама.
Кога мислите дека може да се користат производите на Марбо?
Тие станаа основна нега на сите мои пациенти. Тие се исто така превенција на опаѓање на косата ако некој е склон на опаѓање на косата (генетски, сезонски, стретогени). Најчесто советувам да ги комбинирате Mарбо Лосионот и Марбо Шампонот за подобар ефект.Составот на производот е сосема природен, и секогаш сум горда што имаме ваков производ. Активираторот Марбо кој се користи во третманот на алопеција ареата (опаѓање на косата во кругови) и за раст на нова коса кај сите типови на алопеција (опаѓање на косата), без оглед на причината, покажува се подобри и подобри резултати во мојата пракса. Задоволни сме што овие производи ги даваме и надвор од нашата држава и им помагаат на луѓето ширум светот во нивната борба против опаѓање на косата.

Што мислат нашите клиенти?

Со употреба на овие природни препарати потполно го прекинав процесот на опѓање на косата и го подобрив квалитетот на влакното. првут веќе немам. Косата ми е свилено-лелеава, кожата на главата мека и оздравена. Уверен сум во докажаното, постепено лековито делување на Марбо Лосионот и Марбо Шампонот 03, а очекувам и растење на нови влакна. Секако продолжувам со користењето.

author
Д.Р. од Белград

Зошто вие не се рекламирате? Кога само би знаеле колку многу луѓе патат заради alopecia areata, а не знаат дека вие можете да им помогнете. Колку се мачев со години без резултат, барав помош насекаде...Ве молам рекламирајте се, луѓето не знаат за вас. Фала му на господ што постоите, мене ме спасивте...

М.Р. од Бачка Топола

Го купував вашиот Шампон во Земун редовно, повеќе го немаат и не знаат кога ќе го имаат. Ве молам да ми кажете каде можам да го набавам, а го открив пред шест месеци случајно, никогаш претходно не сум слушнала за вас, верувајте ми не можам без него. Најпосле го пронајдов својот шампон...

Н.О. од Земун

Алопецијата ми се појави во месец јули 2009 година. Во почетокот на лечењето по препорака на дерматолог користев: гел, раствор, лосион и шампон кои го спречуваат опаѓањето на косата. После повеќе од половина година кога косата веќе доста ми опадна слушнав за Марбо така што ги истражував сите можни интернет страници кои нудат слични препарати за лечење на алопеција. Марбо почнав да го користам на почетокот на 2010 година и за многу кратко време косата почна да ми расте. До потполно излекување Марбо го користев година дена.

Корисничка К.П.М.

Се јавувам за да ви се заблагодарам, деца. Јас потполно ја вратив косата со жолтиот лосион. Никој не ми верува кога ќе ме види. Им раскажувам на сите и го препорачувам вашиот лосион.

Жена, 80 години, Белград
author

Нашите производи

Марбо лосионот е 100% природен лек против силно опаѓање на косата кој многу брзо го запира нејзиното опаѓањето, без оглед на причините за опаѓањето.
Едноставен за употреба, дава видливи резултати во најкус можен рок, што е потврдено од десет годишно дерматолошко искуство и е најефикасен кога се комбинира со шампон МАРБО 03.

Се препорачува за разни проблеми со косата и тоа:

  • првут, многу мрсна коса,
  • себореичен дерматитис, чешање на косата
  • ретка и слаба коса,
  • хормонални причини за губење на косата (болест на тироидната жлезда, цистични јајници, бременост …),
  • повремено сезонско опаѓање на косата,
  • цитостатична терапија и зрачење,
  • за коса оштетена од хемиски третмани …

Aqua (Планинска вода), Alkohol(Алкохолен раствор), Rosmarinus Officinalis(Рузмарин), Urtica Dioica (Коприва), SalviaOfficinalis (Жалфија), Juglans Regia (Орев),Allium Sativum (Лук), Matricaria Chamomilla(Камилица), Betula Alba (Бреза), Salix Alba(Бела врба), Arctium Lappa (Чичок), HederaHelix (Бршлен).

Се нанесува 15-30 минути пред миење на косата, со нежно масирање низ скалпот. Потоа, косата се мие со Марбо шампон. Овој процес треба да се повтори според индивидуалните потреби за миење на косата.Со користењето на Марбо Лосионот доаѓа до целосно закрепнување на косата, што резултира со здрави и силни фоликули, ослободени од вишок маснотии; на тој начин се запира кршењето и паѓањето на косата, што придонесува за нејзино видливо зајакнување.

Марбо Шампонот со билни честички е уникатен спој на специјално избрани лековити билки; се користи против опаѓање на косата.Активните состојки на копривата, богати со витамини и минерални соли, ја стимулираат циркулацијата и го обновуваат коренот на косата.Екстракти од коприва и рузмарин, го регулираат лачењето на себум, спречуваат мастење и го намалуваат чешањето и иритацијата на скалпот. За посилни форми на себороичен дерматитис и првут, во комбинација со Марбо шампонот се препорачува и Марбо лосион.Со нивната редовна употреба, се гарантира дека ќе се изгубат сите форми на првут, хроничен дерматитис, црвенило и чешање на скалпот.Марбо Шампонот ја зајакнува тенката и ретка коса, а во многу случаи, особено кај жените, придонесува за нејзино постепено згуснување. Во исто време, Марбо Шампонот е класично средство за миење на косата, на кој многу корисници му останале лојални уште од првата употреба; исто така, Марбо Шампонот се препорачува како превентивно средство за нега на природна и обоена коса. Неговата ефикасност е потврдена со испитувањата направени во Марбо дерматолошките ординации.

Aqua (Планинска вода), SodiumLaureth Sulfate, Cooamidopropyl Betaine, Citrus(Лимон), Rosmarinus Officinalis (Рузмарин),Urtica Dioica (Коприва), Salvia Officinalis(Жалфијa), Juglans Regia (Орев), Hedera Helix(Бршлен), Matricaria Chamomilla (Камилица),Betula Alba (Бреза), Salix Alba (Бела врба),Arctium Lappa (Чичок), Allium Sativum (Лук).

Шампонот треба да се протресе пред употреба; неопходно е да се шампонира косата двапати; по втор пат, формираната пена треба да се остави да дејствува 1-3 минути, потоа косата се плакне со млака вода.Косата треба да се мие по потреба. Во случај на секојдневно миење на косата, доволно е само еднаш да се нанесе шампонот на косата и да се остави формирана пена да дејствува.

Направен е со 100% природна (фамилијарна) формула која го активира растењето на нова коса на проретчените и оголените места. Успешен е за сите облици на алопеција од најблаги, па се до alopecia totalis (потполно губење на косата). Со редовната употреба на Марбо Активаторот многу брзо доаѓа до згуснување на деловите каде е проредена косата, а постоечката коса станува уште поцврста и поздрава.
Потврдено е дека Активаторот Марбо е еден од најефикасните природни препарати во светот за лекување на Аalopecia areata, а примената во комбинација со Марбо Шампонот дава успешни резултати.

Ефикасноста на „Марбо Активаторот“ е клинички тестирана кај пациенти кои биле заболени од разни форми на Алопеција Ареата, бенигни форми, офијази, како и од тотална (малигна) форма. Под надзор на лекари специјалисти во канцелариите Марбо дерматолошките ординации, беа извршени испитувања и прегледи во период од 1992 до 1998 година; испитувањата вклучиле 437 пациенти од двата пола дијагностицирани со различни форми на алопеција: бенигната форма е дијагностицирана во 376 случаи (86,04%), ophyasis во 54 случаи (12, 36%) и тотална (малигна) алопеција во 7 случаи (1 , 60%).

Марбо Активаторот, Марбо лосионот и Марбо шампонот се уникатни природни препарати во светот кои со едноставна употреба ја враќаат изгубената коса во многу висок процент. За разлика од современите медицински производи што се користат за третман на разни проблеми со губење на косата, со бројни несакани ефекти, контраиндикации и интеракции со други медицински производи, Марбо препаратите за повторно растење на косата се целосно природни и безбедни за употреба, не се токсични и не реагираат во комбинација со други лекови, можат да ги користат и деца.

Aqua (Планинска вода), Alkohol(Алкохолен раствор), Rosmarinus Officinalis(Рузмарин), Urtica Dioica (Коприва), SalviaOfficinalis (Жалфија), Juglans Regia (Орев),Allium Sativum (Лук), Matricaria Chamomilla(Камилица), Betula Alba (Бреза), Salix Alba(Бела врба), Arctium Lappa (Чичок), HederaHelix (Бршлен).

Марбо Активаторот се промучкува пред секоја употреба, се нанесува на проредените и оголени места, два пати дневно со благо масирање додека потполно не се упие во кожата на главата.
Должината на трање на третманот зависи од клиничката слика. Подолг период на употреба на Марбо Активаторот во процесот на лечење, не предизвикал несакани ефекти. Можат да го користат и деца.

Побарај повик од нас

    Продажни локации

    АПТЕКА МАРИЈА ГАЛЕН ФАРМ СКОПЈЕ

    Адреса: Мајаковски 3 (кај Броз кафе)
    Тел: (02) 3212 760

    АПТЕКА САРАФАРМ СКОПЈЕ

    Адреса: Теодоси Гологанов бр.8 (кај студенстскиот дом Кузман)
    Тел: (02) 3220 049

    АПТЕКА ДАНЕА СКОПЈЕ

    Адреса: 16та Македонска бригада бр.18 ( во болницата Ремедика)
    Тел: (02) 2603 100

    АПТЕКА РЕМЕДИУМ СКОПЈЕ

    Адреса: ул. Никола Парапунов 3-1 лок.5/1, Карпош 4
    Тел: (02) 3075 266

    АПТЕКА ВИОЛА ГТЦ СКОПЈЕ

    Адреса: Кеј 13-ти Ноември, ГТЦ
    Тел. (02) 3220 828

    АПТЕКА ВИОЛА ВОДЊАНСКА СКОПЈЕ

    Адреса: ул. Водњанска 28б
    Тел.(02) 3176 444

    АПТЕКА ВИОЛА 24/7 БУЊАКОВЕЦ СКОПЈЕ

    Адреса: бул.Партизански одреди, ТЦ Буњаковец лок.29 /5
    Тел. (02) 3117 814

    АПТЕКА ВИОЛА ЦЕНТАР СКОПЈЕ

    Адреса: ул.Васил Главинов
    Тел.( 02) 3125 155

    АПТЕКА ВИОЛА БИСЕР СКОПЈЕ

    Адреса: бул. Јане Сандански 82, ТЦ Бисер лок.23
    Тел. (02) 2450 444

    АПТЕКА ВИОЛА 24/7 ТОБАКО 2 СКОПЈЕ

    Адреса: бул Јане Сандански 6 лок.3
    Тел. (02) 2466 103

    АПТЕКА ВИОЛА КАПИШТЕЦ СКОПЈЕ

    Адреса: Васил Ѓоргов 1/2
    Тел. (02) 3151 977

    АПТЕКА ВИОЛА ЦРНИЧЕ СКОПЈЕ

    Адреса: Востаничка 59
    Тел. (02) 2736 254

    АПТЕКА ВИОЛА ЛЕПТОКАРИЈА СКОПЈЕ

    Адреса: бул.Партизански одреди 62
    Тел. (02) 3077 981

    АПТЕКА ВИОЛА СОПИШТЕ СКОПЈЕ

    Адреса: ул.2 бр.11 Сопиште
    Тел. (02) 2743 244

    АПТЕКА ВИОЛА ТЦ АНТИКО СКОПЈЕ

    Адреса: бул.Партизански одреди 84
    Тел. (02) 3051 805

    ВИТАЛ ФАРМ ТЕТОВО

    ул.Илинденска бб Тетово (во близина на Али Баба)
    тел.070 307717

    АПТЕКА БЕЛАДОНА СТРУГА

    Адреса: ул.Маршал Тито бр.2
    Тел. 046 786 750

    АПТЕКА БЕЛАДОНА ВЕВЧАНИ

    Адреса: Вевчани
    Тел: 046 794 777

    АПТЕКА ЗЕГИН – ГРАДСКА БОЛНИЦА

    Адреса: Скопје, Центар
    Тел: 02 3136280

    АПТЕКА ЗЕГИН – ДРАЧЕВО

    Адреса: ул. Димитрије Чуповски бр.68
    Тел: 02 2792000

    АПТЕКА ЗЕГИН – БУЊАКОВЕЦ

    Адреса: Бул. Партизански Одреди бр.25
    Тел. 02 3298504

    АПТЕКА ЗЕГИН – ЛЕПТОКАРИЈА

    Адреса: Бул. Партизански Одреди бр.66а
    Тел: 02 3065903

    АПТЕКА ЗЕГИН – БИСЕР (ТОБАКО)

    Адреса: Бул. Јане Сандански бб лок.5
    Тел: 02 2463239

    АПТЕКА ЗЕГИН – ТЕТОВО

    Адреса: ул. Маршал Тито бр.10
    Тел:

    АПТЕКА ЗЕГИН – Кавадарци 2

    Адреса: ул. Пано Мударов 2
    Тел. 043 416712

    АПТЕКА ЗЕГИН – ТЕТОВО

    Адреса: ул. Маршал Тито бр.102
    Тел: 044 388830

    АПТЕКА ЗЕГИН – П.ВЛАЕ

    Адреса: ул. Ѓорче Петров бр.1 лок.1
    Тел: 02 2050154

    АПТЕКА ЗЕГИН – КУМАНОВО

    Адреса: ул. Гоце Делчев бр.43
    Тел: 031 380060

    АПТЕКА ЗЕГИН – КУМАНОВО 3

    Адреса: ул. Тоде Мендол бр.26
    Тел. 031 446300

    АПТЕКА ЗЕГИН – ВОДНО

    Адреса: ул. Владимир Надзор бр.4
    Тел: 02 3109228

    АПТЕКА ЗЕГИН – Ѓ.ПЕТРОВ

    Адреса: ул. Ѓорче Петров бр.60 Лок.14
    Тел: 02 2037761

    АПТЕКА ЗЕГИН – ЧЕНТО

    Адреса: ул. Маџари бб
    Тел: 02 2520944

    АПТЕКА ЗЕГИН – ШТИП

    Адреса: ул. Јосиф Ковачев бб Штип
    Тел: 032 392666

    АПТЕКА ЗЕГИН – РАДОВИШ

    Адреса: ул. Маршал Тито бб Радовиш
    Тел: 032 630161

    АПТЕКА ЗЕГИН – ЦРНИЧЕ

    Адреса: ул. Бихачка бр.4
    Тел. 02 3216470

    АПТЕКА ЗЕГИН – БУТЕЛ

    Адреса: ул. Живко Брајковски лок.2-3
    Тел: 02 2638742

    АПТЕКА ЗЕГИН – ГТЦ

    Адреса: ГТЦ Трговски Центар лок.492
    Тел: 02 3298544

    АПТЕКА ЗЕГИН – АВТОКОМАНДА

    Адреса: ул. Јани Лукревски бр.3
    Тел: 02 3175181

    АПТЕКА ЗЕГИН – К.ВОДА

    Адреса: ул. Сава Ковачевиќ бр. 42/2
    Тел. 02 2771559

    АПТЕКА ЗЕГИН – ВЕЛЕС

    Адреса: ул. Благој Ѓорев бб
    Тел: 043 212840

    АПТЕКА ЗЕГИН – МЕДИКА

    Адреса: ул. Народен Фронт бр.5 Локал 1
    Тел: 02 3215600

    АПТЕКА ЗЕГИН – ГОСТИВАР

    Адреса: ул. М.Чедо Филиповски бр.240
    Тел: 042 221386

    АПТЕКА ЗЕГИН – СТРУМИЦА

    Адреса: ул. Гоце Делчев бр.41
    Тел. 034 320060

    АПТЕКА ЗЕГИН – ГЕВГЕЛИЈА

    Адреса: ул. Слободан Митров Данко бр.63
    Тел: 034 211850

    АПТЕКА ЗЕГИН – КАРПОШ 4

    Адреса: Бул. Партизански Одреди бр. 88/6
    Тел: 02 3064330

    АПТЕКА ЗЕГИН – БИСЕР

    Адреса: Бул. Јане Сандански бр.24 Локал 6
    Тел: 02 2403237

    АПТЕКА ЗЕГИН – ЖЕЛЕЗНИЧКА

    Адреса: Транспортен Центар Скопје
    Тел. 02 2465556

    АПТЕКА ЗЕГИН – МАГНОФАРМ

    Адреса: ул. Маршал Тито бр.45 Кочани
    Тел: 033 278088

    АПТЕКА ЗЕГИН – CITY MALL

    Адреса: СИТИ МОЛ
    Тел: 02 3084279

    АПТЕКА ЗЕГИН – ОХРИД

    Адреса: ул. Димитар Влахов бр.59
    Тел: 046 200366

    АПТЕКА ЗЕГИН – БИТОЛА

    Адреса: ул. Борис Кидрич бб
    Тел. 047 202601

    АПТЕКА ЗЕГИН – ПРИЛЕП

    Адреса: ул. Марксова бр.37
    Тел: 048 415008